Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Домот за кој сонуваат богатите: Погледнете ја нереалната вила на Алиша Кис

Изолираната стаклена вила, попозната како „Razor House“, која се наоѓа во Ла Џола, Калифорнија, со прекрасен поглед на целиот океан, неодамна е во сопственост на поп пејачката Алиша Кис и нејзиното семејство.

Концептот на отворен простор и минималистичкиот внатрешен дизајн е она што доминира во овој дом. Со урбаните уметнички дела, пејачката ѕвезда придонесе за топлата атмосфера во овој стаклен дворец.

Иако неговата вредност првично е проценета на фантастични 30 милиони долари, Алиша успеа да ја добие за „само“ 20,8 милиони долари. Со 11.545 квадратни метри станбена површина, куќата има 6 спални соби и 6,5 купатила.

Посебните карактеристики на овој луксузен дом вклучуваат кружна дневна соба, соба со кино екран и акустички обработени ѕидови и таван, базен со греалки, посебна куќа за гости со две спални соби, како и спа и отворена кујна сместени на покривот.

Прилично импресивно нели? Погледнете ја нашата галерија и откријте како изгледа парче рај на земјата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement