Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Животински принт: Како да го носите најголемиот тренд на есенската сезона

Есенската и зимската сезона ги носат со себе највпечатливите трендови.

Креативните директори и модните куќи ни ставија до знаење дека модата во наредните месеци е полна со оптимизам, весело расположение и дека им одговара на оние жени кои не се плашат малку да експериментираат со своите стајлинзи.

Животинските принтови на најдобар начин докажаа дека можат да му дадат дополнителни поени на нашиот стајлинг. Можеби многумина од вас сè уште не се обиделе да ги вклучат во гардероберот, но оваа зима ви дава шанса тоа да го поправите. Сè што треба да направите е да следите неколку едноставни и сигурни тајни и … успехот е загарантиран.

Продолжете да читате и откријте ги во галеријата сите начини како да носите животински принт и да импресионирате со вашите стајлинзи!

Фустан

Да почнеме со најлесното, доколку не знаете како да вклучите животински принт во вашиот гардеробер, фустанот ќе биде клучен елемент за сигурен и успешен изглед. Не мора да се трудите и да ги комбинирате и усогласите парчињата, бидејќи фустанот е доволен за да блесне оваа сезона. Покрај тоа, фустаните одговараат на сите сезони, без разлика на пригодата. Најдете модел кој ви се допаѓа и кој одговара на вашиот стил и личност. Предлагаме да изберете миди верзии и да ги комбинирате со пар високи потпетици.

Еден принт – повеќе бои
Доколку сте една од храбрите дами и сакате да привлечете внимание со својот изглед, тогаш сигурни сме дека овој предлог ќе ви се допадне и дека ќе сакате да го креирате што поскоро. Тајната – одберете го животинскиот принт што ви се допаѓа и комбинирајте ги парчињата во различни бои. Блер Еди тоа го докажува на најдобар начин, бидејќи избра зебра дезен во многу различни тонови. Во случај да не сте подготвени да ја пробате „зебрата“ од глава до пети, комбинирајте две или три парчиња. Дури и тоа е доволно за впечатлив и необичен стајлинг.

Леопардот е новата црна боја
Животинските принтови можеби се голем тренд оваа сезона, но она што силно се издвојува од оваа категорија е ништо друго туку леопардот. Можете да креирате стајлинг со комбинирање на неколку парчиња. Доколку изберете панталони и блејзер во светли тонови, изберете неутрални нијанси за остатокот од стајлингот.

Едно парче облека прави голема разлика
За оние кои сакаат да ги следат трендовите на малку подискретен начин, имаме решение. Набавете капут со животински принт кој секој ваш стајлинг ќе го направи посебен. Во секој случај, капутите се тие што оставаат прв впечаток, поради што мораме да ги избираме со посебно внимание. Капут со животински принт комбинирајте со фармерки и џемпер.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom