Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Отсега можете да престојувате во познатиот апартман на Кери Бредшо за 23 долари!

Сите љубители на култната серија сега ќе имаат можност, не само да го посетат, туку и да престојуваат во станот на стилската Њујорчанка, Кери Бредшо. Значи, дојде време да го живеете животот на легендарната хероина за само 23 долари од ноќ.

Во рамките на премиерата на продолжението на серијата на HBO наречена „And Just Like That“, фановите ќе имаат можност да престојуваат во станот на Кери на Upper East Side, кој ќе можат да го изнајмат преку веб-страницата Airbnb. Сара Џесика Паркер лично ќе ги угости првите станари во станот на 12 и 13 ноември. Но, ако не ги добиете тие датуми, сепак ќе добиете виртуелен поздрав од актерката по пристигнувањето. Колку е тоа одлично?

Останатите придобивки на Airbnb вклучуваат пијалок без кој не поминала ниту една епизода – Космополите, за здравица за добредојде, како и можност да се облечете во плакарот на Кери со вклучен стајлинг со вклучена фотографија. Резервирањето започнува на 8 ноември.

„Возбудена сум што нашата публика ќе го доживее Њујорк на Кери како никогаш досега и ќе оди во нејзините чевли – буквално, за прв пат“- изјави Сара во оваа прилика.

Новите епизоди на „Сексот и градот“ премиерно ќе бидат прикажани на HBO Max во декември. Ким Катрал (Саманта) нема да биде дел од шоуто. Во февруари 2021 година, директорот на содржината на HBO Max, Кејси Блојс, објасни за ТВ Лајн како шоуто планира да го реши нејзиното отсуство: „Исто како и во реалниот живот, луѓето доаѓаат и си одат. Пријателствата избледуваат, а се раѓаат нови. Така, мислам дека сето тоа е многу индикативно за вистинските фази на животот… Сега тие се обидуваат да раскажат искрена приказна за тоа како е да се биде жена во 50-тите години во Њујорк. Значи, сè треба да изгледа некако органско, а пријателите што ги имаш на 30 години, можеби нема да ги имаш на 50 години“.

Пријателствата може да избледат, но одличните станови се вечни.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement