Лежерно есенско издание во тренд кое можете да го копирате денес!
За последното појавување со принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон избрала комбинација на облека која е особено во тренд оваа есен.
Во последниве недели, парот ја фокусираше својата кралска агенда на заштита на животната средина и грижа за климатските промени.
Кејт и Вилијам го посетиле спортскиот центар Александра Парк во Глазгов (Шкотска) за да се сретнат со извидниците и да разговараат за кампањата #PromiseToThePlanet.
Мидлтон одлучила да облече црна долчевита во комбинација со соодветни фармерки, канадски и ватиран војнички зелен елек – што е целосно во склад со трендот на ватирани јакни кои го зазедоа уличниот стил оваа есен.
Кејт додала и детал во форма на традиционална извидничка марама која лежерно ја врзала околу вратот, додека косата и била обликувана во препознатливи бранови.




