Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Крај на врската меѓу Џиџи Хадид и Зејн Малик! На љубовта ѝ пресуди физичката пресметка меѓу музичарот и мајката на манекенката, а обвинетиот Малик проговори за сѐ

Само една година откако станаа родители на нивното прво заедничко дете – ќерката Каи, љубовта помеѓу супермоделот Џиџи Хадид и нејзиниот партнер, поранешен член на One Direction, Зејн Малик, дојде крајот.

Џиџи Хадид, 27-годишната американска супермоделка и три години постариот Зејн Малик, поранешен член на машкиот бенд One Direction, повеќе не се во љубовна врска. Веста дојде откако Јоланда Хадид, мајката на познатата манекенка, го обвини музичарот дека физички ја нападнал и дека размислувала како да го пријави немилиот настан во полиција.

Наскоро се огласи 28-годишниот Зејн Малик, кој на Твитер напиша дека инцидентот што се случил не вклучува ништо повеќе од „тешки зборови“.

Наводната физичка пресметка се случи минатата недела, а за TMZ пејачот потоа откри: „Остро демантирам дека ја удрив Јоланда Хадид и за доброто на ќерка ми одбивам да дадам никакви детали. Се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе почне да ги решава семејните проблеми подалеку од медиумите“.

Според неговата објава, може да се заклучи дека Јоланда Хадид влегла во куќата во која живееле Зејн Малик и Џиџи Хадид со нивната едногодишна ќерка Каи, во време кога славната манекенка не била дома.

„Јас сум приватна личност и не сакав ова да излезе јавно. Во обид да ја заштитам ќерка ми, се согласив да ги оспорам наводите што произлегоа од расправијата што ја имав со мајката на мојата партнерка, која дојде во нашиот дом додека мојата партнерка беше отсутна пред неколку недели. Ова беше и сè уште требаше да биде приватна работа, но се чини дека ова протече во медиумите и покрај моите напори да го одржам мирот во семејната средина, што треба да ми овозможи да ја воспитам ќерка ми онака како што таа заслужува.“- изјави Зејн за ТМЗ.

Како што пренесуваат светските медиуми, конфликтот меѓу мајката и партнерот толку ја потресе Џиџи Хадид што резултатот бил прекин на врската на славниот пар.

„Тие не се заедно во моментов, но сепак се родители. Јоланда е исто така исклучително заштитнички настроена кон Џиџи и го сака најдоброто за нејзината ќерка и внука“и изјави портпаролот на манекенката за магазинот People: „Џиџи е фокусирана само на она што е најдобро за Каи и моли да се почитува нејзината приватност во овој момент“.

Џиџи Хадид и Зејн Малик ја започнаа својата љубовна врска во 2015 година, а меѓу нив се разгоре за време на снимањето на спотот за неговата песна „Pillow Talk“. Двојката беше среќно заљубена и неразделна цели три години, по што следеше ненадејно раскинување во 2018 година.

Дека не можат еден без друг, докажаа истата година, кога заедно го дочекаа летото. Манекенката и музичарот повторно раскинаа во јануари 2019 година на нешто помалку од една година, за да решат да и дадат нова шанса на својата љубов во декември.

Двојката заедно го прослави 27-от роденден на Зејн. Потоа поминаа романтичен викенд во Њујорк, каде што живееја заедно поголемиот дел од годината, давајќи му до знаење на светот колку се сакаат. Поранешната ѕвезда на бендот One Direction и една од најбараните манекенки го добија своето прво дете во септември минатата година.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement