Актерката се сврте кон класичните елементи на гардеробата, кои воспоставија рамнотежа помеѓу удобноста и шикот.
Уште кога првпат ја видовме во „Dawson’s Creek“, Кејти Холмс од „девојка од соседството“ стана една од најпознатите холивудски актерки.
По разводот со Том Круз, Кејти доби нов изглед кој еволуираше од конзервативен и елегантен во лежерен шик со кој таа владее совршено.
Стилот на 42-годишната актерка сега се заснова на класични елементи на гардероба во комбинација со внимателно одбрани тренди додатоци, фокусот на удобноста е неизбежен, но на начин кој никогаш не оди во крајности.
Нејзината облека е модерна и може да се носи, па затоа ви предлагаме во галеријата да ги погледнете најинспиративните моменти и најдобрите аутфити за есен во изведба на Кејти Холмс.





