Иако не ја славиме Ноќта на вештерките, Диор не поканува да ја украсиме нашата маса со порцелански графички принтови инспирирани од Тарот картите и керамичките тикви.
Диор ја претстави колекцијата јадења „Constellation“, која ја дизајнирала директорката на модната куќа Марија Грација Кири во соработка со италијанскиот уметник Пјетро Рафа. Порцеланските чинии и садови од Лимож се украсени со сложени црно-бели принтови инспирирани од Тарот картите. Линијата му оддава почит на Кристијан Диор, што ја одразува љубовта на дизајнерот кон астрологијата и мистицизмот.
Волшебните слики на черепи, змии и готски симболи на садовите на Constellation создаваат мистериозна атмосфера совршена за забава. Тешко е да се замисли празнична маса без главниот симбол на Ноќта на вештерките – тиквите. Поставувањето на масата „Dior Maison“ е надополнето со шармантни рачно изработени керамички тикви создадени од познатото студио Jean Roger Paris, основано во 1947 година.




