Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Платинум ѕвезда: Како Ријана стана најбогатата жена на светот

„Tрнливиот пат до ѕвездите“ никогаш не звучел толку реалистичен.

Како модна и музичка икона, таа често го наведува детството како движечка сила на многу потфати. Нејзиниот живот не отсекогаш се состоел од изведување концерти во полни сали или магазинско полнење на насловните страници. Напротив. Животната приказна на Ријана започнува на мал остров со нејзиниот татко, зависник од дрога и продуцент кој мислел дека не може да пее.

Робин Ријана Фенти е родена на 20 февруари 1988 година во Барбадос. Најстарото дете на скромни родители, мајка сметководител и татко на надзорник на магацин. Таа пораснала во бунгалов со нејзините двајца помали браќа. Тие никогаш немале пари, во текот на нејзиното детство. И покрај нејзината лоша финансиска состојба, нејзиниот татко често пиел и конзумирал разни дроги, што влијаело на неговиот темперамент. Честопати физички ја малтретирал нивната мајка, но понекогаш ја нападнал и Ријана. Тоа го погодило целото семејство, оставајќи ги со страшни последици по нивното ментално здравје.

Иако златното девојче била добар ученик, поради проблемите со нејзиниот татко, почнала да попушта и да се затвора во сопствениот свет. Излезот го пронашла во музиката на своите идоли, како Мадона, Мараја Кери и Џенет Џексон. Пеејќи со четка за коса како имитација на микрофон, таа сфатила каде припаѓа и каква ќе биде нејзината иднина.

Кога наполнила 14 години, доживеала вистинско ослободување – нејзините родители се развеле. Меѓутоа, бидејќи нејзината мајка работела со полно работно време, тоа значело дека таа ќе мора да порасне малку побрзо. За да придонесе за домашниот буџет, таа продавала облека на улица.

Но, свесна за нејзиниот потенцијал, таа знаела дека може да се пробие во музичката индустрија доколку некој влијателен ја слушне. Во 2004 година се пријавила на изборот за Мис на средното училиште, каде покрај освоеното прво место, ги покажала и своите вокални способности со песната „Hero“ од Мараја Кери.

Ова ја наведува да формира група со две школски другарки и да почне да пее со нив по клубови и настани. Стекнала ѕвездена слава на само 15 години. Во тие успешни тинејџерски моменти, музичкиот продуцент Еван Роџерс го поминивал летото на Барбадос. Ријана ја видела својата шанса и даде се од себе да ја искористи.

Таа се појавила со своите пријатели во хотелот на Еван, каде решиле да му изведат песна. Со својата природна и незауздана убавина го привлече целото внимание на продуцентот. Сепак, неговата прва мисла беше дека толку убава девојка веројатно не знае да пее. Откако Рири го убеди со нејзините вокални способности, продуцентот ја повикал во САД, со цел да ја сними првата демо лента.

Следната година снимила четири песни, меѓу кои и „Pon de Replay“. Тој настап допре до Џеј Зи и неговата куќа Def Jam Recording, кои останале импресионирани од оваа млада девојка. Од тој момент нејзиниот сон се оствари и потпиша договор со популарниот рапер.

Набргу потоа го издаде својот прв албум „Music of the sun“. И веќе во 2005 и второто издание „A girl like me“. Потоа добила совет од Џеј Зи што го следи до ден денес: „Не се менувај себеси заради другите, не заборавај од каде си дошла и секогаш остани скромна“.

Дуетот со раперот, хитот „Umbrella“, не само што беше една од најслушаните песни на топ-листата, туку и го донесе првото Греми.

Позната по брзо растечките трендови, таа одлучила дека е време за трансформација: од слатка девојка до нешто ризично и сензуално. Нејзините музички спотови станаа посугестивни, поконтроверзни, но и нејзината база на обожаватели порасна.

На 21-годишна возраст, сепак, доби поинаков вид на внимание. Влегува во многу нестабилна врска со пејачот Крис Браун. Кулминацијата се случила кога нашла компромитирачки пораки во неговиот телефон со кои се соочила. Неговиот одговор беше нешто што ќе одекне низ целиот свет како експлозија – Крис физички ја злоупотребувал.

И додека многумина очекувале да ја видат нејзината повредена страна и солзи, пејачката решила оваа приказна да ја претвори во свој успех. Имено, таа прави соработка со Еминем и Канје Вест каде изведуваат песна за семејното насилство.

По една деценија успешни албуми и планетарна популарност, Ријана станува една од најпродаваните текстописци, пејачи и актери. Таа има продадено над 540 милиони албуми и добитник на безброј награди и признанија.

Нејзиното златно срце и упорност сè уште ја водат понатаму. Во 2014 година стана моден претприемач, првенствено со колекцијата „Fenty x Puma“, а потоа ја лансираше својата мега популарна линија за шминка „Fenty Beauty“. Следува колекцијата долна облека „Savage x Fenty“, која нуди парчиња долна преслека, облека и додатоци за спиење со широк спектар на големини.

И додека таа сè уште е фокусирана на нејзиниот претприемачки бизнис, нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат новиот албум, каде за Vogue даде изјава дека напорно работи.

Потсетуваме дека Рири летово беше прогласена за милијардер. Според Форбс, нејзиното богатство се проценува на околу 1,2 милијарди фунти, што ја прави најбогатата музичарка и жена во светот.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement