Грижата за косата и грижата за скалпот се две различни нешта.
Повеќето луѓе го гледаат пилингот на скалпот како непотребен дополнителен чекор во веќе зафатената нега на косата што вклучува барем миење со шампон и регенерација.
Меѓутоа, бидејќи промената на годишните времиња е еден од најпредизвикувачките периоди во однос на здравјето на косата, неопходно беше да се најде ново решение за проблемот со сувоста и опаѓањето на косата, кои често се појавуваат на почетокот на есента.

Се покажа дека кожата на скалпот е иста како кожата на кој било друг дел од телото и дека е неопходно да се изврши редовен пилинг за негата да биде целосна.
„Одржувањето на скалпот чист ќе и помогне на постоечката коса да стане погуста и поисполнета, а исто така ќе помогне и косата која штотуку расте да биде целосно здрава“, вели трихологот Дејвид Адамс, експерт за здравје на скалпот и косата. „Навистина е важно да се одделат потребите на скалпот и косата“- додава тој.
Сега, кога ја совладавме оваа лекција, еве еден трик за убавина во согласност со новонаучениот материјал кој можете да го примените денес.
Имено, додавањето само една лажица шеќер во шампонот станува нов тренд во светот на убавината.

„Шеќерот го лупи скалпот и ги отстранува мртвите клетки на кожата, а состојките во производите за нега на коса поефикасно ќе ја исчистат и хидрираат косата“- вели дерматологот Франческа Фуско. Шеќерот исто така „лесно ќе се раствори и ќе се измие без да остави никакви остатоци на косата“-заклучува таа.
Овој домашен пилинг на скалпот ќе обезбеди изненадувачки негувачки ефект, а косата ќе стане помека и посјајна.
Доколку користите многу лак, овој пилинг правете го еднаш неделно, а во вториот случај доволно ќе биде да ја повторите постапката еднаш во две недели.
