Дали знаевте дека кралицата Елизабета Втора одиграла улога со Џејмс Бонд како актерски партнер?
Актерските почетоци на Меган Маркл секогаш ќе привлекуваат внимание, сепак, војвотката од Сасекс не е единствената кралска фигура која се најде пред камерите и се испроба во актерството.
Со оглед на познатиот британски хумор, можеби ќе можеме да најдеме некаква врска помеѓу членовите на династијата Виндзор и мегапопуларната хумористична серија „Пријатели“ или познатиот филмски серијал за Џејмс Бонд со кој самиот врв на британската монархија – кралицата Елизабета Втора.
Затоа, предлагаме да ги прочитате подетално овие навистина необични и помалку познати податоци за кралските личности што се нашле на малите или големите екрани.
МЕГАН МАРКЛ
Сепак, да потврдиме дека војвотката од Сасекс пред бракот со принцот Хари била ѕвезда на серијата „Suits“, а претходно глумела во неколку филмови „Hallmark“ кои не постигнале голема слава.
Кога го напуштила кралскиот дом, се вратила на големото платно како наратор во филмот на Дизни „Elephant“.
КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТ II
Во мини филмот за Џејмс Бонд снимен за Олимписките игри во Лондон во 2012, Даниел Крег имаше чест да ја испрати кралицата од Бакингемската палата до хеликоптерот што чекал, а Нејзиното височество покасно се спушти со падобран до Олимпискиот стадион. (секако мислиме на каскадер, нели?)
ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ
За време на карантинот во 2020 година, принцот Вилијам се појави во комедиски скеч заедно со британскиот актер Стивен Фреј во шоуто на Би-Би-Си „Big Night In“, со цел да соберат пари за борба против коронавирусот.
ПРИНЦЕЗА БЕАТРИС
Еве го кралскиот пресврт: Принцезата Беатрис ја играше дворската дама на кралицата Викторија (Емили Блант) во филмот „Young Victoria“ во 2009. Тоа било улога во која не говорела, а нејзината мајка, Сара Фергусон, е една од продуцентите на филмот.
За да бидат работите поинтересни, кралицата Викторија е пра-пра-пра-пра-прабаба на Беатрис.




