Можете да замислите како ја поминуваме цела есен и зима во него, воопшто не би имале потреба од излегување.

Населбата Нолита во Долен Менхетен, површина од 518 квадратни метри, две спални соби и две бањи, специјална изолација од бучава и огромни прозорци, поради што станот има природна светлина која прекрасно се вклопува со природни материјали како дрвен дабов под и бројни дрвени елементи кои меѓу другото вклучуваат камин, комплетна кујна и секако столарија.
Ирскиот актер Габриел Брн повеќе не поминува толку време во Њујорк и реши да го продаде овој скапоцен камен од Менхетен. Цената на станот моментално е 5,1 милиони долари, додека месечните трошоци се околу 2.800 долари. Сосема недостижна сума за повеќето смртници, но тоа во никој случај не не спречува да фантазираме за еден, баш таков простор за живеење, па кој знае…

Погледнете ја нашата галерија и уживајте.








