Знаеме дека крајот на истоимениот филм не е среќен, но не можеме да му одолееме на Њујорк наесен!
„Есен во Њујорк“ е една од оние филмски класици на кои секогаш со задоволство се навраќаме кога ќе дојде оваа златна сезона и секогаш кога со копнеж гледаме во оние прекрасни пејсажи поради кои само сакаме да излеземе на екранот!

Додуша, има уште толку прекрасни дестинации за посета на есен, но ни се чини дека Њујорк секогаш ќе ни биде приоритет број еден. Зашто, без разлика дали го сакате овој град или не, сосема е сигурно дека нема да останете рамнодушни на сите негови привлечности.
Ви носиме неколку „разгледници“ од „Големото јаболко“, направени од локалното население, кои ќе ви покажат нов агол од градот што сте го виделе толку пати. И да, препорачуваме да ги гледате со „Empire State of Mind“.









