Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Топло смути со јаболко

Ова смути истовремено ќе ве освежи и стопли, а доколку направите некоја „појака“ варијанта ќе ве засити.

Состојки за 1 лице:

1 јаболко
2-3 урми или 1-2 лажици нектар од урми (или друг нерафиниран засладувач)
250 мл вода или бадемово млеко
¼ лажички мелен цимет
прстофат мелено каранфилче, пимент, ѓумбир и/или морско оревче

За погуст и побогат пијалок додадете:
½ банани, исечени
½ лажици путер од бадем

Подготовка:

Јаболкото исечкајте го на четвртинки и извадете ја средината, па исечете ги на помали парчиња. Исто така урмите ги сецкате на мали парчиња, доколку ги користите. Во блендер, ставете вода или растително млеко, додадете ги парчињата јаболко, сецканите урми (или нектар од урми) и зачини по ваш вкус (и, ако сакате пијалокот да ве засити, исечете половина банана и путер од бадеми) и миксирајте целосно додека не добиете мазен пијалок.

Ставете ја смесата во мало тенџере и загрејте на тивок оган. Топлиот напиток налејте го во шолја и посипете малку мелен цимет.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement