Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Чуден е само кога ќе го видите од птичја перспектива: Италијански град што жестоко се дискутира на социјалните мрежи

Експертите велат дека нерамниот терен е главниот „виновник“ за неговата необична форма, што ќе го забележите само кога ќе го погледнете од птичја перспектива…

Центурипе е древен град кој зафаќа околу 173 квадратни километри во италијанската провинција Ена во источна Сицилија.

Прво се споменува во историските списи како град на племето Сикули уште во 5 век п.н.е. Низ историјата, се соочуваше со интензивни инвазии и освојувања – усвоен од античките Грци и Римјани, Арапи, Нормани и Анжуанци.

Центурипе се наоѓа помеѓу реките Дитатино и Симето на ридски терен, на надморска височина од околу 730 метри. Експертите велат дека нерамниот терен е главниот „виновник“ за неговата необична форма, што ќе го забележите само кога ќе го погледнете од птичја перспектива.

Имено, веќе некое време на социјалните мрежи се споделуваат воздушни фотографии од Центурипе, на кои се гледа дека центарот на градот се шири во пет различни гранки. Затоа, некои споделуваат дека градот личи на морска sвезда, а други на монументален човек со раширени раце и нозе.

Ако се најдете во овој сицилијански бисер, задолжително истражете ги неговите особености – од остатоците од укрепените sидови што го опкружуваат градот, преку неколку стари цркви до археолошкиот музеј „Museo archeologico regionale di Centuripie“, кој ги чува тајните на оваа област.

Од Центурипе, исто така, можете да уживате во неверојатен поглед на највисокиот вулкан во Европа – планината Етна – кој се издига на височина од околу 3354 метри.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement