Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Сакал да го продаде стариот „шут“ од гаражата , а немал поим дека вреди повеќе од 300.000 евра

За разлика од многу сопственици на автомобили низ целиот свет, еден Австралиец немал поим што има во неговата гаража. Затоа, новиот „газда“ одлучил да го продаде стариот прашлив Субару, кој претходно три пати менувал сопственик.

Интересен факт е дека новиот соптсвеник за него се надевал на крајот да добие околу 20 илјади австралиски долари (12.740 евра).

Меѓутоа, се покажа дека стариот автомобил, кој собираше прашина со години – вреди 490.000 долари (околу 313.000 евра), откако експертите открија дека станува збор за едно од возилата Субару Импреза, кое на Светското рели првенство во 1994 година (WRC) е управувано од легендарните рели возачи Колин МекРеј и Карлос Сајнц.

Вистинскиот идентитет и вредноста на автомобилот се откриени кога сопственикот одлучил да го продаде возилото, каде што претходно возилото е дадено на проценка на експерти, кои брзо утврдиле за каков автомобил станува збор и ја одредиле неговата вистинска вредност.

Познатиот рели автомобил не бил во одлична состојба, но сепак го содржеше оригиналниот 2.0 „боксер“ мотор со турбо полнач, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Телото ја задржа оригиналната сина боја.

Легендарниот Субару Импреза е продаден на аукција на неименуван колекционер, секако целосно рестравиран со неговите препознатливи жолти ленти.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement