Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Диор ја претставува својата магична и празнична колекција

Иако сме во текот на месец октомври, дозволуваме празничната сезона токму сега да влезе со својата топлина во нашите срца…

Подготвувајќи се за празничната сезона, „Dior Makeup“ ја претстави целата своја Holiday колекција, која вклучува производи за нега на кожа, парфеми и шминка, каде што ќе ги понуди своите најнови парчиња и бестселер производи што ќе можете да ги подарите на себе или на вашите најблиски.

Колекцијата е претставена со годишниот адвент календар, кој содржи 24 минијатурни верзии на производи од Диор од домени на парфеми, шминка, производи за нега на кожа и миризливи свеќи. Покрај тоа, креативниот директор на Dior Makeup, Питер Филипс, ја состави колекцијата „Atelier of Dreams“, која содржи „Rouge Dior Minaudiere“, метална златна футрола со врежани кармини. Асортиманот вклучува и нови палети, кои ги сочинуваат празничните нијанси.

Ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија за да го разбудите празничниот дух во вас токму сега. Колекцијата ќе биде достапна за купување од 25 октомври преку Интернет, и од 1 ноември во бутиците на брендот.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement