Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Трендови во боја на сезоната: 10 познати стајлинзи кои демонстрираат како да се носи кафеава боја

Можеби звучи како клише, но есенските трендови го потврдуваат тоа – парчиња облека, па дури и цели стајлинзи во кафеави нијанси се апсолутно задолжителни за оваа сезона. Отпрвин, кафеавата боја изгледа монотона и здодевна, но ако ви го дадеме целиот спектар на тонови, од млечно кафеава до темно чоколадни нијанси, бојата на капучино, боја на земјата и паднатите лисја, најверојатно полека се премислувате.

Холивудските sвезди се исто така свесни за претстојниот тренд и веќе демонстрираат совршени стајлинзи со комбинирање на сите нијанси на кафеава боја. Многу од нив се појавија во јавноста неколку пати по ред во разни кафени комбинации, нагласувајќи ја моќта на оваа боја.

Така, имавме можност да ја видиме Џенифер Лопез на премиерата на филмот на Бен „Последниот дуел“ во кафеав сет Херве Легер, кој се состоеше од кроп топ и здолниште со длабок шлиц. За второто појавување, таа избра кожено кафеаво палто и здолниште Гучи, кои ги совпадна со слична кафеава нијанса на чизми „Балмејн“, додека целиот стајлинг го заокружи со торба со малку потемна кафеава нијанса и очила за сонце во иста боја. Сепак, таа тука направи мал преседан, облечена во црна блуза под кафеав мантил.

Не помалку спектакуларни беа и другите познати дами како Ирина Шајк, Ана де Армас или Џесика Алба, кои придонесоа кафената боја со својот изглед да изгледа ефективно, софистицирано и актуелно.

txt gr (7).jpg
txt gr (9).jpg
txt gr (10).jpg
txt gr (8).jpg
txt gr (2).jpg
txt gr (3).jpg
txt gr (4).jpg
txt gr (1).jpg
txt gr (5).jpg
txt gr (6).jpg

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement