Кога двајца експерти од индустријата ги здружуваат силите, резултатот не е ништо помалку од спектакуларен! Соработката помеѓу француската модна куќа Balmain и брендот Chivas штотуку беше објавена со лансирање на две серии на ограничени изданија виски.
Колекцијата Balmain x Chivas XV, како што се нарекува, го претставува измешаното шкотско виски на Чивас, стара 15 години, со амблемите на париската модна куќа во два специјални изданија на шишиња.

Првата серија виски се состои од само 200 индивидуално нумерирани златни шишиња од еден литар. Шишињата се украсени со златни синџири и метален оклоп, додека втората серија (составена од 2.000 шишиња од 7 дл) е обликувана околу карактеристичната силуета на Балмејн со синџири и појаси и е подеднакво луксузна.

Колекцијата виски е развиена во партнерство со креативниот директор на Balmain, Оливие Рустен, кој забележува дека преголемите златни синџири кои се составен дел на модната куќа се всушност приказ на „пркосниот дух“ и „смел став“ што го карактеризира двете марки.

“Исто како и Балмејн, Чивас отсекогаш се придржувал до највисоките стандарди и ниту една куќа не се плашела да ги помести границите и да ги прекрши застарените конвенции. Оние што веќе се запознаени со светот на Балмејн ќе забележат дека оваа уникатна соработка вклучува потпис на куќата – преголем златен синџир “- коментираше Оливие Рустен, креативен директор на Balmain.

Исто како што Балмејн ја разви својата визија и ги прекрши модните граници со помладата генерација, Чивас го редефинира што значи шкотското виски за новата генерација љубители на пијалоци кои се свесни за статусот. Соработката со Балмејн го означува почетокот на возбудлива година за Чивас, која доживува најголема трансформација во својата историја.
За да го прослават лансирањето, Чивас и Балмејн, исто така, ќе презентираат билборди во голем број градови, заедно со моден филм со војската на Балмејн.
Колекцијата Balmain x Chivas XV се појави на полиците на 5 октомври 2021 година, при што првата серија беше продадена за 217 долари, а втората за 104 долари.
