Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Каква оаза! Лековито езеро околу кое се појави село со „5 sвезди“

Во четириесеттите години од минатиот век, Хуакачина стана популарен спа центар за богати Перуанци кои бараа засолниште од многу болести…

Хуакачина е оаза во пустината во јужен Перу, на десетина минути од градот Ика и пет часа од главниот град Лима. Тоа е село изградено околу природно езеро, опкружено со палми и монументални песочни дини.

Во 40-тите години од минатиот век, таа стана популарна бања за богати Перуанци кои тука побарале засолниште од реума, артритис, астма и бронхитис. Имено, локалната легенда вели дека езерото има лековита моќ и дека решава разни видови на болести за оние што се капат во него.

Во 50-тите години од минатиот век, туристичката атракција Хуакачина почна да опаѓа и била напуштена со децении. Работите почнале да се вртат на подобро кон крајот на милениумот, кога разни инвеститори почнале да нудат можност да го видат ова чудо во пустина со „баги“ возила.

Со текот на времето, тука се изградени ресторани кои нудат сè, од класична перуанска кујна до италијански пици. Со возење на баги можете исто така да пробате да сурфате на песок или да направите спектакуларни фотографии пред прекрасни песочни дини. Затоа денес Хуакачина ја посетуваат луѓе од сите генерации.

Погледнете ја нашата галерија со фотографии и видете дел од нејзиниот шарм.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement