Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кајли Џенер го претставува својот најнов и најсладок деловен потфат

Очигледно, Кајли Џенер не сака да застане додека не го освои целиот свет…

Иако повторно не изненади сите со втората бременост, Кајли не сака да мирува. Таа штотуку лансирала уште еден дел од нејзината империја за убавина, и мора да признаеме дека е најслаткото нешто што сме го виделе во нејзина режија. Младата милијардерка одлучи да лансира „Kylie Baby“, веганска, хипоалергична колекција на шампони, лосиони за бањи и други предмети, кои се тестирани од педијатри. Новата и чиста линија за бебешка нега е лансирана на 28 септември на KylieBaby.com, а многу луѓе веднаш посакале да поседуваат сè со нејзин потпис.

И додека многумина во моментов шпекулираат за полот на нејзиното бебе, други се воодушевени од персонализираната објава за нејзиниот нов бренд во која се појави и нејзината ќерка Сторми. Снимањето ги претстави Кајли и Сторми облечени во небесно сина боја, додека пакувањето на производот содржи класични розови и сини тонови во пастелни варијанти. Покрај тоа, колекцијата вклучува и пешкир за капење со качулка, четка, чешел и торба за патување. Кампањата исто така ни претстави снимки од соништата на мајка и ќерка како уживаат заедно во облаците. Најмладата членка на кланот Кардашијан Џенер изгледаше совршено како и секогаш, уживајќи во времето што го поминува со Сторми пред да го роди второто дете со Тревис Скот.

Обожавателите брзо забележаа дека Кајли носи син фустан во првата рамка од нејзината нова кампања, што им беше знак на многумина дека овој пат носи момче. И додека ќе треба трпеливо да чекаме одговор на тоа прашање, не треба да чекаме за нејзината нова колекција, која веќе е достапна за купување – ако веќе не е распродадена.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement