Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Пазарот на иднината во Шангај – зеленило во еден од најзагадените урбани центри

Во еден од квартовите на Шангај се гради футуристички пазар; создаден од комбинација на соларни и вистински дрвја, откако официјалното отворање на крајот на годината ќе биде нов центар за домување за одржлив живот.

Архитектите на австралиската компанија Koichi Takada Arhitects ја дизајнираа футуристичката зграда; „пазар на дрвја“ во областа Минханг, 20 километри југозападно од Шангај. За да создадат ново еколошко и одржливо решение со цел зачувување на природата, тие направија 32 соларни дрвја што се издигнуваат од земјата имитирајќи дрвени крошни и го снабдуваат целиот пазар од 3.450 квадратни метри.

Пазарот ќе биде распослан на три нивоа и дрвја ќе бидат засадени на секое ниво за дополнителна атмосфера (планот е да се засадат 3.000 бели магнолија, гинко и камфор), а ќе може да се купи органска храна од локални лозари.

„Сакаме да ги хуманизираме зградите во населбата, да бидеме поангажирани, сакаме архитектурата да го слави културниот идентитет, истовремено поттикнувајќи ги пешачките активности, одржливоста и правејќи го градот подобар за живеење“- рече архитектонското биро задолжено за зградата.

Со својот пристап инспириран од природата, овој проект на архитекти докажува дека е можно да се трансформира една од најзагадените урбани средини во светот во поздраво и поодржливо место за живеење.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement