Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Како Кристијано Роналдо го заработува своето богатство?

Кристијано Роналдо е на првата позиција во светот за најплатен фудбалер, заработувајќи 125 милиони долари во изминатите дванаесет месеци…

Но, неговата присутност на оваа листа воопшто не било изненадувачки за него – сепак, тој е првиот тимски спортист што успеал да заработи милијарда долари во текот на неговата кариера, пред оданочување. Се прашувавме како всушност ги прави своите големи пари? Од користењето на своите социјални мрежи до договори вредни неколку милиони долари, Роналдо сигурно знае како максимално да ја искористи својата популарност.

Импресивен трансфер во Манчестер Јунајтед
Роналдо е прогласен за најпопуларен спортист и има повеќе од 500 милиони следбеници на сите негови социјални платформи, вклучувајќи ги Фејсбук (149 милиони), Инстаграм (348 милиони) и Твитер (94,5 милиони).

Летово, дванаесет години откако замина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид, Роналдо одлучи да „се врати дома“. Форбс пренесува дека овој негов трансфер вреди 70 милиони долари, и ги вклучува платата и бонусите.

Познатиот број 7 ги прави своите пари
Дури и десет години по заминувањето од Манчестер, сè уште се зборува за него на трибините на стадионот „Олд Трафорд“. Неговите верни фанови веднаш купиле нови дресови на фудбалската легенда само 12 часа по објавувањето дека ќе се врати во славниот тим и му донесе огромен профит на својот тим, а и него.

Инфлуенсер број еден
Наводно, Роналдо наплаќа милион долари по платена објава на Инстаграм, поради што заработува најмногу на оваа платформа. Покрај тоа, бројни списанија тврдат дека тој заработува повеќе од 40 милиони долари годишно само преку Инстаграм.

Славниот спортист го користи своето моќно влијание на различни начини – ако се сеќавате, пред некое време тој помести две шишиња Кока Кола од масата за време на една фудбалска конференција, иако брендот го спонзорираше спортскиот настан и на нивното место стави шише вода, што компанијата Кока Кола ја чинело многу. Истиот потфат го повториле и неговите колеги, но мора да признаеме дека тие не беа толку убедливи како него.

Кока-Кола загуби милијарди долари поради неговиот потег, додека на брендовите за вода им било дадена можност да профитираат. Според најавите, Евијан го промовираше коментарот на Роналдо, додека Светската здравствена организација се приклучи на целата приказна, истакнувајќи ја неговата позиција против шеќерот.

Договор со компанијата Најк
Иако делува дека Роналдо заработува доволно само од социјалните мрежи, неговиот доживотен договор со Најк му носи значителна сума секој месец, што ќе продолжи дури и кога ќе се повлече од светот на професионалниот спорт.

Потпишан во 2016 година, овој договор се смета за историски и историски е обележан само трет пат, каде познатата компанија понудила такво партнерство на спортист – претходните двајца се Леброн Џејмс и Мајкл Џордан. Според Форбс, Роналдо добил милијарда долари од тој договор, додека заработил 474 милиони за само една година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement