Американскиот производител објави резултати од продажбата за третиот квартал од 2021 година.
Tesla соопшти дека испорача 241.300 автомобили Model Y, Model 3, Model S и Model X низ целиот свет во периодот јули-септември, што ги надмина сите очекувања.
Имено, компанијата планираше да продаде помеѓу 222.000 и 233.500 возила во тој период, пишува Inside EV.
Последниот продажен резултат е исто така нов квартален рекорд – претходниот изнешуваше 201.250 автомобили и е поставен во вториот квартал оваа година.
Убедливи најпродавани во третиот квартал биле Model 3/Y со вкупно 232.025 единици, додека во исто време се испорачани само 9.275 единици на Model S и Model X.
Кога станува збор за производство, во периодот јули-септември, 237.823 автомобили Тесла излегоа од фабрика, од кои 228.882 примероци од моделот 3/Ya и 8.941 копии од моделот S/X.

