Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Палео Пица со кора од карфиол

Палео исхраната е сѐ попопуларен начин на исхрана во кој внесот на калории не е ограничен, но акцентот е ставен на начинот на избор и комбинирање на храната. Наместо тестенини, леб и компири, палео диетата е богата со зеленчук кој ни помага полека да трошиме енергија, месо и риба, и јаткасти плодови и семиња кои му даваат на телото здрави масти. Пробајте го овој рецепт за пица со „тесто“ од карфиол.

  • Состојки:
  • 1 карфиол, исечен на цветови, зачувајте ги лисјата
  • 1 чешне лук, изгмечено
  • 90 гр мелени бадеми
  • 1 јајце, лесно изматено
  • 2 лажички маслиново масло
  • 45 гр рендан пармезан
  • За фил:
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 мали главици кромид, исечени
  • 1/2 лажичка мешавина од зачини за стекови
  • 250 гр говедски стек
  • 230 гр сецкани домати од конзерва
  • 1 чешне лук
  • 1 црвена пиперка, излупена и исечкана
  • 45 гр козјо сирење, исечено на 8 дела
  • 8 маслинки

Загрејте ја рерната на 230 ° С. Во блендер, измиксирајте карфиол со лук, така да личи на трошки од леб.
Додадете 1/2 лажичка сол, бадеми, јајце, лажичка масло и пармезан и измешајте сѐ.
Обложете сад за печење пица (со дијаметар од 30 см) со хартија за печење. Притиснете ја смесата од карфиол на дното, премачкајте со маслиново масло и печете околу 20 минути, за да добиете златна кора. Превртете (ставете нова хартија или префрлете ја во друга тава обложена со хартија) и печете уште 10 минути.

Загрејте една лажица масло во тава и лесно пржете го кромидот. Посипете ги говедските стекови со зачини. Отстранете го кромидот од тавата, зголемете ја топлината и печете го месото околу 3 минути, повремено вртејќи го.
Исцедете ги доматите, премачкајте ја основата со карфиол, посипете со кромид, лук и црвен пипер. Стековите исечете ги на ленти и наредете ги на пицата заедно со сирењето, маслинките и лисјата од карфиол. Премачкајте со маслиново масло и печете околу 15 минути, додека не се растопи сирењето. Исечете парчиња пред сервирање.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement