Уште една во низата експериментални комбинации кои одлично функционираат на неа.
Минатиот викенд, во чест на 100-годишнината од списанието „Vogue Paris“, моделите како Ирина Шајк, Алесандра Амбросио и Карли Клос се појавиле на изложба во Парискиот моден музеј познат како Палатата Галиера.
Секоја од манекенките останала верна на својот стил, а модата што Ирина ни ја презентира со години наназад, ниту овој пат не разочарала.
Имено, Русинката се одлучила за драматичен изглед кој вклучува преголем комплет на пругасто сако и градник што перфектно одговараат сандали со прерамки и целосна плексигласка пета. И тоа е сè!
Инаку, овој изглед на Маргиела доаѓа од архивската колекција на модната куќа за есен/зима 2001 година.
Во галеријата погледнете го целокупниот изглед со кој Ирина Шајк демонстрирала сексапил и смелост на улиците во Париз.





