Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Колку чини да се биде 007 Џeјмс Бонд?

Бидејќи No Time To Die конечно се појавуви на екраните , новото истражување откри дека да се биде Бонд чини неверојатни 32,3 милиони фунти.

Истражувањето спроведено од експерти за игри на интернет CasinoScores ги анализираше податоците од JamesBondLifestyle и IMDb за да утврди колку чини да се биде 007 со вкупна цена на гардеробата и сите додатоци, колекцијата гаџети и возилата што ги користи.

Daniel Craig as James Bond 007
„No Time To Die“ повторно со Даниел Крег во главната улога

Вкупните трошоци за гардеробата на Џејмс Бонд, како што го прикажа Даниел Крег, изнесуваа 154.334,89 фунти од првиот филм на Даниел Крег како 007, Казино Ројал, до неговиот последен ,,Нема време за умирање”.

Најскапиот артикл во колекцијата се манжетните од „Том Форд“, со гравирана „JB“, чија цена е 74.500 фунти.

Вториот најскап предмет во плакарот Бонд е кожната јакна Џорџо Армани, која ја носи во Casino Royale и чини 4.800 фунти.

Колекцијата гаџети за Џејмс Бонд чини вкупно 82,376,60 фунти. Најскапото ,,парче”, што Бонд го користи за да се одбрани е Андерсон Вилер 500 Нитро експрес двојна пушка што се користи во Skyfall, a чини 15.500 фунти.

Најскапиот аспект да се биде Џејмс Бонд се возилата што ги користи и често ги крева во воздух. Вкупните трошоци за сите возила што ги користи Даниел Крег, 007, изнесуваат 32,1 милиони фунти. Хеликоптерот AgustaWestland AW101 што се користи во Skyfall има најголема цена од 21.000.000 фунти. Второто најскапо возило што го користи Џејмс Бонд е јахтата „Прува Реџина“ која чини 8.400.000 фунти, што значи дека „Скајфол“ е најскапиот од Бонд филмовите на Даниел Крег.

Aston Martin DB10
Астон Мартин DB10

Aston Martin DB10 е третото најскапо возило што го користи Бонд и кое се наоѓа во Spectre, чинејќи 1.400.000 фунти.

Портпаролот на CasinoScores ја коментираше студијата: „Дел од привлечноста на Џејмс Бонд е раскошниот начин на живот, но овие трошоци се навистина фасцинантни! Додека уживаме гледајчи го повторно Бонд во кината, за момент имаме можност да се оттргнеме од реалноста и да се препуштиме на новите авантури. “

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement