Не е тајна дека модната дизајнерка Викторија Бекам, како и повеќето славни дами, внимателно избира што ќе јаде и за време на неодамнешното гостување во подкаст, таа зборуваше за своите навики во исхраната. Сопругата на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам откри које (необично!) јадење ѝ е омилено и многумина ги остави ,,со подотворена уста”. Покрај тоа, поранешната Спајсица рече дека, поради храната што ја јаде, веројатно е најголемиот кошмар на било кој ресторан…
Почитуваната модна дизајнерка Викторија Бекам неодамна гостуваше во подкастот „River Café’s Table 4“ на познатата британска готвачка Рут Роџерс и во разговорот таа се осврна на нејзините навики во исхраната што зачуди многумина.

Имено, 47-годишниот избраник на фудбалскиот ас Дејвид Бекам откри дека нејзиното омилено јадење на сите времиња ѝ е сол на тост од бел леб.
„Тоа е јаглехидратот што прави да се чувствуваш удобно, а јас сакам сол“- рече поранешната членка на „Спајс грлс“, а нејзиниот одговор наиде на гнев кај дел од јавноста.
Во продолжение на интервјуто, една од најголемите модни икони на денешницата рече дека таа нужно ја одделува храната богата со јаглени хидрати од оние што се богати со протеини.

„За повеќето ресторани веројатно сум најлошиот кошмар. Сакам зеленчук на пареа. Сакам кога храната се готви на многу едноставен начин. Не сакам масла, путери или сосови ‘, објасни поранешната пејачка.
Зборувајќи за нејзината исхрана, Викторија Бекам се пофали дека дури и познатиот готвач Гордон Ремзи, близок пријател на нејзиното семејство, рече дека никогаш не видел никој толку дисциплиниран за начинот на кој јаде и додаде: „Сакам да пијам со вечерата и да станам многу добар гостин”.

Во прилог на внимателно изработен план за исхрана, сопругата на Дејвид Бекам ја должи својата беспрекорна фигура и посветени тренинзи. Како што еднаш откри, секој ден трча од осум до 10 километри и редовно практикува јога.
„Вежбам секој ден – го гледам како четкање на забите, тоа е нешто што обично го правите. Обично трчам прво на трака за трчање, по што следи тренинг според рутината на тренерот за фитнес Трејси Андерсон”- рече убавата дизајнерка.
