Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ја имаме есенската боја за 2021: Кејт Мидлтон постави нов тренд што сакаме да го следиме

Војвотката имаше возбудлива недела, исполнета со многу стилски моменти.

Само два дена по појавувањето на кралското семејство на премиерата на филмот за агентот 007 „No time to die“ и фасцинацијата од стајлингот на војвотката, достојна за Бонд девојка, Кејт уште еднаш успеала да ни го украде целото внимание со смел и одважен аутфит.

По повод турнејата низ кампусот на Универзитетот Улстер во градот Дери, северниот дел на Ирска, Кејт облекла шик, светло виолетов костум. Со овој аутфит докажала дека правилото за есенските парчиња исклучиво во темни, земјени тонови – не важи.

Слим-фит панталоните и блејзерот со истакнати ревери се креации на Емили Викстед – еден од омилените и најносените брендови на Војвотката.

Со живописна виолетова нијанса, Кејт докажа дека летните бои можат лесно да се прилагодат на есенската сезона, особено ако се комбинираат со црн ролка, црн појас и темно сини потпетици.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement