Можеби тој ќе учествува во создавањето на првиот електричен автомобил од луксузниот бренд!
Ferrari и холандската холдинг-компанија Exor, која поседува дел од производителот на автомобили, објавија дека потпишале договор со креативното студио LoveFrom, управувано од Џони Ајв и австралискиот дизајнер Марк Њсон, за „студирање проекти во луксузниот бизнис“.
Тоа ќе биде повеќегодишно партнерство кое ќе ги комбинира „легендарните перформанси на Ferrari со ненадминливата експертиза и креативност на LoveFrom“, изјави производителот на автомобили.
„Како сопственици и колекционери на Ferrari, ние сме задоволни што работиме со оваа извонредна компанија, а особено со нејзиниот дизајнерски тим предводен од Флавио Манцони“, додадоа Ајв и неговиот партнер Марк Њусон.
Џони Ајв го напушти Apple во 2019 година. Тој е во компанијата од 1992 година, а под негово водство беа развиени дизајните на iPod, iPhone, Macbook и Apple Watch.
