Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бен и Џен уживаат во есенска романтика

Во случај ако има такви кои до сега не забележале дека Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се заедно, по речиси 20 години откако ја прекинаа венчавката, двојката што како феникс се ,,роди повторно”, викендов тргнаа во прошетка низ паркот на Менхетен за статусот на нивната врска да го обелоденат кристално јасно.

Бенифер сака светот да знае дека се повторно заедно.
Откако го помина летото на Ривиера во костим за капење од „Валентино“ штитејќи се од сонцето.. но и од јавноста под огромниот шешир и потпетици кои ѝ пркосат на гравитацијата, Џеј Ло навистина умешно се префрли во новата есенска гардероба.

Image may contain Clothing Apparel Human Person Shoe and Footwear

Изгледајќи карактеристично сјајно, во нејзин стил, на есенското сонце, нејзините локни со боја на карамел, разиграно го ,,скокоткаа” нејзиниот зелен кариран капут од колекцијата на Кристијан Диор за есен/зима 2020 година, додека таа заљубено гледаше во својата втора половина. Таа, исто така, ги замени своите летни плутени сандали од брендот „Долче и Габана“, украсени со бисери, на задниот дел, со пар чизми „Кристијан Лубутин“ со врвки-секако, со потпетици на висока платфотма, се разбира.

Image may contain Human Person Clothing Apparel Shoe Footwear Dress Suit Coat Overcoat and Pedestrian

Без оглед на вашето лично мислење за реинкарнацијата на Бенифер, вистинските романтични сцени што тие ѝ приредуваат на јавноста се неодоливи. Единственото нешто што недостасува од оваа пријатна вињета е Pumpkin Spice Latte. Исто така е корисно потсетување дека сезоната на палто (и манжетни) полека но сигурно пристигна.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement