Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Умами патлиџани – хармонија од вкусови

Едноставни рецепти полни со протеини, сила и здравје ја красат новата книга на еден од најпознатите вегански готвачи во светот Газа Оукли „Мојата зелена кујна“. Уживајте во неговиот здрав, вегански оброк …

за 4 порции

Потребно време: речиси 15 минути

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 8 млади патлиџани исечени на половина по должина (или два обични патлиџани, исечени на парчиња)
  • 2 кромид, сецкани
  • 3 чешниња лук, сецкани
  • по прстофат сол и црн пипер
  • 1 лажичка сушен рузмарин
  • 3 лажици балсамико оцет
  • 3 лажици соја сос или кокос амино (ако не сакате соја)
  • 3 лажици јаворов сируп
  • 1 лажица англиски сенф

За леќата:

  • 1 конзерва од 400 гр зелена леќа, процедена
  • кора и сок од 1 лимон
  • грст исечени свежи билки ( нане, босилек и магдонос)
  • по прстофат сол и црн пипер
  • грст црни маслинки

За послужување :

мотар или див аспарагус, обарени на пареа (по избор)

Подготовка:

Загрејте го маслото во нелеплива тава на средна топлина. Ставете ги модрите патлиџани во тава, исечете ги настрана, потоа додајте ги кромидот, лукот и зачините.

Гответе 2-3 минути или додека модрите патлиџани не добијат убава златна боја.

Потоа превртете ги. Додадете рузмарин, оцет, соја сос, јаворов сируп, сенф и 240 ml (1 чаша) вода.

Намалете ја топлината и оставете ја течноста да се намали така што ќе добие изглед на глазура, приближно 5 минути.

Во меѓувреме, во тенџере, измешајте ги состојките на леќата и ставете на најнизок оган за малку да се загреат.

Кога модар патлиџаните се застаклени, сервирајте ги со леќа и по желба со мотар на пареа или диви аспарагуси.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement