Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Меѓународната вселенска станица станува приватно одморалиште за богатите

NASA планира да ја претвори Меѓународната вселенска станица во приватна дестинација за одмор за комерцијални патници, според CNBC…

Вселенската агенција планира да го повлече ISS до крајот на оваа деценија и во моментов ги оценува предлозите од различни компании кои бараат да се трансформира во приватно сместување, што би донело годишна заработка од 1 милијарда долари. Commercial LEO Destinations проектот e започнат од NASA на почетокот од оваа година, каде планира да издвои до 400 милиони американски долари во договори за изградба на овие приватни станици. Фил Мекалистер, директор на комерцијалниот вселенски лет на NASA, потврди дека агенцијата веќе има добиено околу „12 предлози од различни компании“.

ISS е стара повеќе од 20 години и одобрено е да работи до крајот на 2024 година. Сепак, се чини дека ќе добие продолжување на својот животен век, што ќе трае до крајот на 2028 година. Управувањето со оваа вселенска станица чини околу 4 милијарди долари годишно, поради што NASA секогаш се обидува да најде начин да ги подели или намали овие трошоци. Мекалистер вели дека НАСА сака да биде „една од многуте корисници, наместо примарен спонзор и одговорна за одржување на инфраструктурата“ за станиците што се во пониската орбита на Земјата. Со зголемениот интерес за вселенски туризам, ISS може да се претвори во комерцијална вселенска дестинација додека се приближува до датумот на пензија. Патем, ова не е првпат NASA да открива планови за комерцијализација на ISS – пред неколку години, тие доделија договор од 140 милиони долари за Axiom Space, кој вклучуваше изградба на приватни модули за поврзување со ISS.

Оваа година ќе биде запаметена во историјата како важен момент за комерцијални летови во вселената. Virgin Galactic стана првата компанија за вселенски патувања која заврши суборбитален лет на почетокот на оваа година, со Сер Ричард Бренсон во леталото и, за само неколку дена претекнувајќи го Џеф Безос и неговата компанија Blue Origin. Секако овие краткотрајни вселенски екскурзии се многу важни, мора да го споменеме и фактот дека SpaceX успешно ја започна својата чисто комерцијална мисија Inspiration4, која помина три дена во орбитата на Земјата. Всушност, инвеститорите вложиле повеќе од 9 милијарди долари во приватни компании кои се занимаваат со вселенски туризам, што само ни потврдува дека ова е гранка која допрва доаѓа треба да се развива.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement