Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кој е новиот дечко на Адел и зошто парот е на добар пат да ја засени познатата двојка „Бенифер?“

Кога станува збор за генерацијата Z, сè што се смета за релевантно, прво ќе се појави на Инстаграм.

Интернетот не престанува да зуи откако пејачката Адел не само што се појави во феноменалниот бајковит дизајн на модната куќа Скиапарели пред два дена, туку објави и заедничка фотографија со нејзиното ново момче Рич Пол на нејзиниот Инстаграм профил.

Исто како нејзината колешка Џеј Ло, Адел одлучи да ги следи упатствата на играта според кои работи Z генерацијата, и да го извести целиот свет за нејзиниот љубовен живот со една објава на социјалната мрежа.

Се разбира, сега секој сака да знае сè за нејзиниот нов партнер, а ние ги имаме сите детали.

Значи, кој е новиот избраник на Адел?

Рич Пол е реномиран американски спортски агент. Еден од најистакнатите личности во светот на спортот, а како агент ги претставуваше некои од најголемите НБА sвезди. Во 2012 година, тој основа своја спортска агенција, Klutch Sports Group, и внесе големи кошаркарски имиња како Бен Симонс и Леброн Џејмс.

Во профилот создаден од списанието New Yorker, Пол е опишан како „апсолутно немилосрден во добивањето на играчот што го сака и користејќи ги сите средства за да се оствари тоа.“ Тој го запозна својот прв и најголем клиент, Леброн Џејмс, во 2002 година, додека двајцата чекале на терминалот за авионскиот лет. Рич го импресионираше и почна тесно да соработува со Џејмс откако беше драфтуван во NBAлигата. Многу реномирани списанија го оценија како еден од највлијателните луѓе во светот.

39-годишникот моментално живее во Беверли Хилс и по потекло е од Кливленд.

Колку долго се во врска Рич Пол и Адел?

Двојката е видена само еднаш во јавноста, во јули 2021 година на паркетот на NBA кошаркарското финале, што било доволно за да започнат гласините за нивната врска. Набргу потоа, порталот Page Six објави дека парот „дефинитивно се забавувал“ и дека врската траела „неколку месеци“.

Сепак, моравме да чекаме на објавата на Адел на Инстаграм за официјална потврда.

Патем, во март оваа година, Адел го финализирала разводот од Симон Конечки.

Рич Пол има 49 клиенти, а се проценува дека во 2021 година ќе оствари заработка од 100 милиони долари.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom