Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Неверојатен изум – Возило што се движи на асфалт, трева, песок па дури и на вода!

Изгледот со агресивни странични отвори за воздух, потсетува на дизајниран спортски автомобил, додека бочните страни јасно потсетуваат на глисер.

Ова необично возило најверојатно прво ќе ве потсети на летечки мотоцикл од научно фантастични филмови или некој „уникатен“ скутер за вода. И не е ниту едното ниту другото! Или можеби е – и едното и другото!

Ова е Ароса, првото луксузно „hoverkraft“ возило со две седишта во светот. Возило и пловило кое лебди над површината со воздушна перница. Ова му овозможува да влезе во вода од копно и обратно без никаква промена во начинот на движење или каква било техничка интервенција.

Ароса е опремена со речиси тивок електричен мотор. Создаден е со спојување на деловите на еден спортски автомобил и еден спортски глисер, а целосното тело е изработено од карбонски влакна.

Нејзиниот изглед со агресивни странични отвори за воздух потсетува на дизајнот на спортски автомобил. Внатрешноста е опремена со две седишта поставени едно зад друго, додека страните јасно потсетуваат дека Ароса потекнува од брз брод.

Производителот, компанијата Вон Мерсиер, тврди дека возилото може да се движи по трева, површина со камења, асфалт, песок и вода без никакви проблеми. Планот е да се произведат само 50 примероци, по почетна цена од околу 100.000 американски долари.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement