Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Есенски чизкејк со тиква

Прославете го доаѓањето на есента со неговата кралица – тиквата!

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 50 гр шеќер во прав
  • 125 гр путер

Фил:

  • 800 гр крем сирење или несолена урда
  • 500 гр пире од тиква
  • 150 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 30 гр брашно
  • цимет


Подготовка:

Измешајте мелени бисквити со шеќер во прав, а потоа додадете омекнат путер. Добро измешајте ја смесата за да се изедначи. Рачно распоредете го врз плех за печење, кој сте го обложиле со хартија за печење. Оставете во замрзнувач десет минути за масата да се зацврсти.

Подгответе го филот со матење на крем сирењето и шеќерот со миксер, додавајте по едно јајце, мешајќи цело време. Потоа, додајте го пирето од тиква што претходно сте го измешале во блендерот (нема потреба од печење или варење). Можете да го изрендате и измешате, за да ви биде полесно. Измешајте сѐ убаво, потоа додадете цимет и брашно, внимавајќи да не се формираат грутки.

Нанесете го филот рамномерно преку кората и ставете ги во загреана рерна да се пече на 160 степени, околу еден час.

Оставете да се излади, декорирајте со шлаг и послужете.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement