Оваа сочна веганска кајгана е направени од брашно од леблебија и лен, а ароматизирана е со куркума и лук. За 5 минути добивате едноставен, хранлив и здрав појадок или вечера!
Состојки за 4 поголеми омлети:
- 150 гр брашно од наут
- 2 лажици мелен златен лен
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка куркума во прав
- 1 рамна лажичка лук во прав
- 1 рамна лажичка нутритивен квасец
- сол и бибер, по желба
Постапка за подготовка:
Во длабок сад измешајте го брашното со другите состојки и постепено додавајте, мешајќи, околу 200 мл вода за да добиете густа рамномерна смеса. Оставете да отстои околу 10 минути, а пред печење, доколку е потребно, додадете уште малку вода. Смесата од омлет треба да биде доволно густа за да се истури во тавата.
На среден оган, додадете малку масло во загреаната тава и истурете ја смесата да го покрие дното. Печете неколку минути додека не порумени, потоа свртете внимателно и печете од другата страна.
За намазот од авокадо: изгмечете едно големо авокадо со вилушка, додадете свежо исцеден сок од една лимета, малку сол и бибер и премачкајте половина од омлетот.
Ако сакате, додадете сезонска салата, никулци од ротквица или друг зеленчук, посипете со печени бадеми и послужете го топло.
