Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најфеноменалниот хотел во Швајцарија, Вила Хонег

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година и повторно отворен за работа во мај 2011 година, по големата реконструкција и модернизација во дизајнот и удобноста. За неговата големина, како хотел со 23 соби, тој е прилично единствен по својата локација во срцето на Швајцарија во однос на она што го нуди. Место со многу мир и приватност, може да се пофали со неспоредлива поставеност.

Дизајнот на хотелот, од собите, преку базенот, до ходниците е поставен така да можете да гледате ридовите со зелена трева, планините и прекрасното езеро Луцерн под секој агол. Пријателскиот и љубезен персонал со топла енергија ќе ве поздрави при пристигнувањето и заминувањето и ќе биде тука за вас во текот на секоја минута од вашиот престој. Персоналот е беспрекорен, буквално предвидува однапред што може да ви затреба и ќе ви го понудат уште пред да побарате.

Собите се одликуваат со минимална мешавина од природни материјали и луксузни допири, завршувањето на декорацијата и мебелот создаваат добредојден амбиент што отелотворува мир, релаксација и чувство на благосостојба. Хотелот нуди 23 удобни соби и апартмани за да одговараат на вашите потреби и вкус. Соби со наслов Master Suite View Lake, Corner Suites, Junior Suite View Lake, Junior Suite Alpine Panorama, Superior Room, Classic Room, Classic Room Горниот кат, Dependance и цел приватен кат.

Сите соби се со различни големини за поголем број лица, со различен дизајн, распоред и енергија. Приватниот кат е погоден за 12 лица, но може да се сместат 14 лица со 2 дополнителни кревети кои може да се подигнат на вашиот кат за една минута, бидејќи имате сопствен персонал кој ќе ви помогне за време на вашиот престој. Вкупниот приватен кат опфаќа пет соби – еден мастер апартман, еден јуниор апартман, една супериорна соба со поглед кон езерото, две класични соби од горниот кат и пространа дневна со приватна трпезарија и посебно WC. Ако сакате да добиете врвното искуство, пробајте го овој ексклузивен приватен кат, барем една или две ноќи.

Не само што просториите се уникатни и луксузни без напор со употреба на природни материјали и елементи, гастрономското искуство е сосема исто. Во нивниот иконски ресторан насловен како „14 GAULT-MILLAU POINTS“ можете да доживеете првокласен оброк од локално потекло и сезонски состојки. Хотелот е целосно транспарентен во врска со подготвувањето на состојките, месото и сите јадења или начинот на кој се одгледуваат. Ова само обезбедува дополнителна удобност и автентичност за хотелот. Имате можност да вечерате во ресторанот или на терасата со поглед на езерото Луцерн.
Појадокот трае до 14 часот и е во стил на сѐ што можете да изедете. Ручекот е a la carte дневно мени, кое ги нуди сите ваши омилени јадења. Кога станува збор за времето за вечера, Гурманското мени е претставено со сѐ што можете да очекувате од хотел со 5 sвезди, оброци што ќе ви се стопат во устата, како што и самите Хотел Вила Хонег би рекле „незаборавни вечери“.

Никако не можете да ги заборавите највиралните, односно „најинстаграмски“ точки на хотелот, притоа земајќи ги предвид базенот и бањата. Базенот се одликува со бесконечен дизајн со вградена топла када како централно парче.


Бањата во хотелот Вила Хонег е буквално една од, ако не и најубав велнес објект во Швајцарија. Поставен во загреаниот надворешен базен со температура од 34 степени Целзиусови, кој можете да го доживеете во секое време од годината, не е ништо помалку од вонредно, помагајќи во вибрацијата и искуството се неверојатните глетки на планините, езерото или кластерот облаци во долината подолу.

Во Вила Хонег ќе се чувствува како дома далеку од својот дом. Ова е дефинитивно хотел кој мора да се доживее.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement