Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Нема да им одолеете: зелени палачинки по рецепт на Џејми Оливер


Познатиотг готвач има неколку вкусни и здрави рецепти, а овој го издвоивме за денес!

Досега, претежно препорачувавме здрави и вкусни опции за слатки палачинки, но што е со солени зелени палачинки?

Покрај тоа што се служат за појадок или вечера, овие зелени палачинки се идеални за вегани, но и за сите оние кои сакаат вкусен и здрав оброк.

Со сето погоре, ќе посочиме дека овој рецепт се најде на листата на славниот Џејми Оливер, па тоа е повеќе причина да ги пробаме денес!


Состојки:

  • 1 авокадо
  • 350 гр чери домати
  • 100 гр беби спанаќ
  • 3 млади кромидчиња
  • 15 гр свеж коријандер
  • 1 лимета (или лимон)
  • маслиново масло
  • 1 јајце (веганската верзија не го содржи)
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша млеко (за веганска верзија, изберете растително млеко по вкус!)
  • 300 гр сирење (може и растително)
  • морска сол, бибер

Начин на подготовка:

Излупете го авокадото и изрендајте го. Ставете во сад и додадете исечени цреша домати и половина од количината спанаќ.
Исечете го младото кромидче и додадете го во садот со зеленчукот. Додадете сецкан коријандер и прелијте со сок од лимета (лимон).
Посипете ги сите состојки со маслиново масло, сол и бибер по вкус. Оставете ја салатата со авокадо настрана.
Во блендер ставете јајце (ако не сте веган), брашно, млеко, другата половина спанаќ и зачинете по вкус. Мешајте додека не добиете густа смеса.
Подмачкајте ја тавата со маслиново масло и загрејте ја. Истурете ја смесата и печете од секоја страна 2 минути (додека палачинката не добие златна боја).
Префрлете ја палачинката во чинија и наполнете ја со салата од сирење и авокадо.


Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement