Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Карлос Сантана купи куќа на Хаваи вредна 20,5 милиони долари

Карлос Сантана го освежува своето портфолио на недвижности.

Една година откако продаде викендичка на островот Кауаи на Хаваи за 8 милиони долари, гитаристот одлучи дека не може без овој остров и купи имот во близина за 20,5 милиони долари.

Сместена во Принсвил, енклава на северниот брег на Кауаи, модерната куќа зафаќа околу 820 квадратни метри. Луксузната вила има прекрасна градина и бесконечен базен со поглед на заливот Ханалеи.

Главниот дом на гoсподинот Сантана е во Лас Вегас, но тој сака да побегне на Хаваи секогаш кога е можно, како што вели неговиот менаџер. „Тој сака да се одмара таму. Со оглед на тоа што постојано е на турнеја и патува цело време, мислам дека му се допаѓа ведрината на Кауаи.“

Куќата е конфигурирана како четири одделни „капсули“ меѓусебно поврзани со централен отворен простор за живеење со подвижен покрив, што е добро во дождливата клима на Кауаи.

Главната „капсула“ има дневна соба и трпезарија со прозорци од подот до таванот кои нудат неверојатен поглед на островот, кујната и салата. Вториот вклучува пространа главна спална соба, како и туш на отворено. Во третиот дел има две спални соби, а во четвртиот гаража.

Можеби најголемиот белег на имотот е друг простор за живеење и јадење, дневна и кујна и област за скара. Исто така постои и бесконечен базен со морска вода и бања со поглед на заливот Ханалеи.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement