Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мушмула – Мало овошје полно со витамини и минерали

Мушмулата расте како листопадно дрво кое се одгледува и како украсно растение.

Мушмулата припаѓа на семејството рози. Тоа е повеќегодишно листопадно овошје кое расте како грмушка висока 2 до 5 метри висина.

Цвета во почетокот на мај, а цветот е бел и крупен. Овошјето е слатко и мазно, богато со разни минерали и јаглехидрати, но лушпата не се јаде, само внатрешноста, која е кашеста. Семињата се големи.

Покрај тоа што е вкусна, мушмулата е и лековита и здрава:

Создава хемоглобин
Железото е витален дел од хемоглобинот кој помага да се создаде кислород, а дополнителен хемоглобин е потребен затоа што губиме крв поради надворешни или внатрешни повреди.

Мускулна функција
Железото што се наоѓа во мушмулите е неопходно за одржување на здрави мускули, бидејќи без железо, мускулите ја губат еластичноста и тонот.

Го зачувува здравјето на мозокот
Мозокот користи 20 проценти кислород, а мушмулите помагаат во снабдувањето.

Помага во регулирање на телесната температура
Мушмулите помагаат во регулирање на телесната температура, што значи дека метаболичките функции и ензимските функции се случуваат на оптимални температури и средина.

Помага при анемија
Анемијата е предизвикана од недостаток на железо во телото, а мушмулата помага во заздравувањето.

Го намалува заморот
Помага при ублажување на заморот кај мажите и жените и со секојдневно внесување му помага на телото да остане здраво и енергично во текот на денот.

Го зајакнува имунитетот
Мушмулата му помага на телото да се бори со разни инфекции и болести.

Крвните клетки се од витално значење за обезбедување кислород до ткивата, оштетените органи и клетки, така што редовното внесување мушмула помага да се зајакне одбранбениот механизам на телото.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement