Savage X носи нови дизајни за долна облека за есенската сезона, а суперsвездата Ријана позира во новата кампања.
Шармантна и сензационална, пејачката која стана моден дизајнер носи парчиња од линијата Ribbon Writing Xtra VIP Box.
Секси и заводлива, Ријана ги покажува своите облини во тантелен градник со розови прерамки, бразилски гаќички и штипки во смела сина и розова палета на бои. Натписот „Bite Me“ ги украсува нараквиците со фонт што се спојува со дезенскиот модел.
Покажувајќи ги своите тетоважи и облини додека позира на кожени парчиња мебел, Ријана изгледа прекрасно со кратка фризура, микро шишки и шминка во боја на слива.
Со новите парчиња на Savage X, убавицата од Барбадос неодамна одржа виртуелен Savage X Fenty Show Vol 3, кој ќе биде прикажан на 24 септември на Amazon Prime.


