Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Чоколадо за појадок? Одлична идеја, а еве и зошто

Важно е да се консумира во умерени количини.

За многумина, првата мисла за чоколадо е прекумерната тежина. И голема количина шеќер.

Сепак, чоколадото не е толку страшно. Особено ако го внесете на вистински начин.

Чоколадото е многу корисно за нашиот организам.

Идеална количина
Го стимулира лачењето на хормони за среќа и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Се разбира, овие придобивки се валидни само ако се консумираат умерено. Прекумерното внесување чоколадо може негативно да влијае на здравјето, во тој случај може да се појават осип, како и тахикардија и хипертензија. Идеалната количина на чоколадо е до 100 грама дневно. Сè што е над тоа, станува штетно за телото.

Бидејќи оваа блага закуска отсекогаш била предмет на бројни истражувања, научниците дошле до интересен заклучок, а тоа е дека чоколадото може да помогне и при губење на вишокот килограми. Едно истражување на Харвард докажа дека жените во менопауза, кои јадат малку чоколадо за појадок секој ден, губат телесната тежина полесно и побрзо. Експериментот траел две недели. Три групи од 19 жени во менопауза биле волонтери во студијата.

Жените од првата група добиле околу 100 грама млечно чоколадо во рок од еден час по будењето, а учесниците од втората група јаделе чоколадо во иста доза, само еден час пред спиење. Кај жените кои јаделе чоколадо наутро, тежината не се променила, но составот на цревната флора се подобрил, а нивниот обем на половината исто така се намалил.

Физичка активност
Другата група, исто така, се чувствувала подобро. Жените од оваа група ја зголемиле физичката активност следниот ден во просек за 6,9 проценти, и имале помала потреба за благо. Главниот заклучок до кој научниците дошле за време на овој експеримент е дека жените, кои јаделе 100 грама чоколадо секој ден, не се здебелиле.

Прочитај

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Advertisement