Животот на Менхетен има многу предности, но квадратурата на домовите сигурно не е една од нив…
Луѓето кои уживаат во пространи вили и големи апартмани, најверојатно ќе купат некој имот во Хемптонс, бидејќи дури и најголемите станбени области во Њујорк понекогаш можат да дејствуваат клаустрофобично. Меѓутоа, тоа не е случај со новата листа која се наоѓа на Апер Ист Сајд, која има доволно простор за сопствено кошаркарско игралиште во подрумот.
Со цена од 27,5 милиони долари, оваа вила е најскапата на пазарот во овој дел на Њујорк. Според Њујорк пост, Дејвид и Дана Лутвеј го купиле пред шест години, и оттогаш напорно работат на негово реновирање. Дејвид е инвестициски банкар, додека Дана е претприемач и ќерка на поранешната конгресменка, Нита Лоуи.
Овој дом има површина од 1.100 квадратни метри, со дополнителни 260 метри квадратни однадвор, кој вклучува покривна тераса со сопствена кујна и седење, тераси за гостински соби и чардак на приземје. Севкупно, вилата нуди шест спални соби и девет бањи, и се протега на седум ката – и, се разбира, доаѓа со лифт.
Една од неговите главни карактеристики е заоблен прозорец, кој гледа на улица и е направен од бакар. Ако се качите по скалите до вториот кат, ќе видите дека целото ниво припаѓа на главната спална соба, која содржи две бањи, две гардероби и домашна канцеларија.
Сепак, најдобрите удобности се под него – има совршено опремена игротека, винарска визба и фитнес сала и ако тоа не ви е доволно, има и кошаркарско игралиште со двојна висина.
Имајќи го предвид сето погоре, веруваме дека оваа вила многу брзо ќе ги најде своите нови сопственици.










