Потребни се околу 300 минути пешачење на неделно ниво.
Ако планирате да изгубите тежина, и не сте голем обожавател на теретана – не очајувајте. Вклучете го пешачењето во вашите секојдневни активности.
Ќе се чувствувате подобро и ќе ви помогне да изгубите тежина. Сигурно сте слушнале дека брзите методи за слабеење често имаат „јо-јо“ ефект.
Ова значи дека изгубените килограми брзо се враќаат. Сепак, ова не е случај со килограмите што ги губите со пешачење.
За да се ослободите од несаканите килограми, бидете конзистентни и пешачете секој ден. Тоа значи околу 300 минути неделно, односно еден час дневно, пет дена во неделата. Ако пешачите повеќе од еден час, резултатите ќе бидат побрзи и повпечатливи.
Променете го интензитетот на одење и обидете се да поминете растојание од 1,5 километри за 15 до 20 минути. Обрнете внимание на држењето на телото. Ако имате тешкотии и не можете да одите по еден час секој ден, обидете се да одржувате интервал од десет минути пешачење шест пати.

