Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Нашиот маж на годината: Роберто Бенињи со овие љубовни зборови го посвети Златниот лав на својата сопруга

Roberto Benigni attending the Golden Lion For Lifetime Achievement Red Carpet as part of the 78th Venice International Film Festival in Venice, Italy on September 01, 2021.,Image: 629893324, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Можеби ќе останат добри два и пол месеци до крајот на годината, но ние го најдовме нашиот маж како пример и имаме чувство дека никој нема да го замени уште долго време.

Помина една недела од отворањето на Венециското филмско биенале, а за говорот што се одржа во тоа време сè уште се зборува.

Роберо Бенињи го доби Златниот лав за неговата животно дело, а неговата изјава била дека тој воопшто не ја заслужува целата награда.

Имено, златната статуетка во форма на лав со крилја (поточно грифин) се доделува по 78-ми пат во Венеција за различни придонеси од филмската индустрија, а еден од најомилените италијански актери од нашата генерација ја посвети ова значајна награда на неговата сопруга, и тоа со следниве зборови:

„Заслужувам само мачка, а не лав. Крилјата се твои, ти ми ги даде крилјата. Не можам да ја посветам оваа награда за тебе, бидејќи таа е веќе твоја. Во текот на овие 40 години, работевме заедно. Кога би мерел време, би го направил во однос на она што било порано и она што е со тебе. Оваа награда треба заедно да ја споделиме. Всушност, јас само ќе ја земам опашката, сè друго е твое. Крилјата се твои, бидејќи ако силно чекорев по нешто, тоа се случи благодарение на тебе и твојот талент како актерка, и твојата женственост. Светлина што сјае“, изјави Роберо Бенињи во еден здив, додека солзите во очите на Николет Браски можеа да се видат дури и под малку затемнети очила.

Првото заедничко филмско искуство на двојката е во маестралната комедијата „The Monster“ од 1994 година, потоа во трикратниот добитник на Оскар „Животот е убав“- во кој талентираниот уметник е креатор и режисер.

За време на неговата четири децениска кариера, 68-годишниот актер соработувал со некои од најголемите режисери на денешницата, како што се Бернардо Бертолучи, Федерико Фелини и Џим Џармуш.

Иако е признат и познат како режисер и актер, еден од неговите можеби најпознати уметнички изрази е рециталот на „Пеколот“ на Данте од 2009 година. Ако не сте имале шанса да го слушнете Роберто како ги кажува „Инферно“ стиховите (на памет!) мило ни е што имаме привилегија да ви го откриеме ова мало богатство:

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement