Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Импактот на Џеј Ло ефектот

Во 2010 година, Џенифер Лопез побара од медиумската куќа 12 милиони долари за да го замени Сајмон Кауел во Американскиот идол како член на жирито. Наскоро и други го следеа нејзиниот пример, па мегаsвездите дојдоа на местото на поранешните славни личности од С-листата, за хонорари од неколку милиони долари, се разбира. Покрај промената на салдото на тековната сметка, тие може да забележат и зголемување на популарноста и продажбата на албумот. Ова беше именувано, од репортер во Холивуд како „Џеј Ло ефект“

Тогаш, 41-годишната пејачка и актерка, која според сите воспоставени стереотипи и очекувања за жените во светот на шоу-бизнисот треба да биде на крајот од својата кариера во 5-тата деценија од нејзиниот живот, доживеа нов подем. Резервираше профитабилна резиденција во Лас Вегас, танцуваше околу еден бар во филмот „Hustlers“ во нејзините педесетти години, настапи на Супербоул, потпиша договор со Нетфликс … Џеј Ло ја редефинираше перцепцијата за жените над педесеттите години.

Но, ова не е ништо ново-таа дебитираше со албумот „На 6“ како 30-годишна девојка и воведе некои нови стандарди за убавина. Наместо дотогаш популарниот „хероин шик“, заоблен задник (буквално и фигуративно) како Џеј Ло.

Можеше да се забележи дека што и да прави Џеј Ло им пркоси на некои воспоставени перцепции за тоа како функционираат работите и покрај тоа што со децении беше критикувана дека не изгледа како другите, ги предизвикува нејзините таленти за пеење и глума, љубовен избор … Во последно време, терминот „Џеј Ло Ефект“ почна да важи и за нејзиниот приватен живот – многумина сега го сметаат Бен Афлек за попривлечен отколку во последната деценија – само затоа што повторно се забавува со Џенифер Лопез.

Што и да прави, Џеј Ло зрачи со самодоверба и благодарение на тоа успева во се што има испланирано и наместо да биде заборавена и запоставена кога ќе достигне одредена возраст, ги користи своите таленти, но и стекнатото искуство за да оди дури и понатаму – повлекувајќи ги другите заедно..

Самодовербата е состојба на умот што треба да ја практикуваме секој ден, да развиваме сопствена рутина со која ќе ја „пумпаме“ самодовербата и ќе се потсетуваме на сопствените вредности. И кога сме обесхрабрени во одреден момент, треба да застанеме и да се запрашаме – што би направила Џеј Ло?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement