Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Го забрзува метаболизмот и помага при слабеење: Чајот од цимет е неопходен во борбата против вишокот килограми

Секое утро пијте една шолја чај од цимет и наскоро ќе ги забележите првите резултати.

Ако имате вишок килограми и не можете да изгубите тежина, можеби еден домашен чај е вистинското решение за вас.

Нејзината клучна состојка е циметот.

Без соодветна исхрана и физичка активност, губењето на тежината е невозможно, но овој чај може значително да придонесе за ослободување на телото од вишок килограми.

Покрај топењето на масните наслаги, циметот го забрзува и метаболизмот.

Најдоброто нешто во врска со овој чај е тоа што е целосно природно решение и не постои ризик од негативни последици.

Циметот е многу корисен за телото, а на врвот на листата е против борбата со упорните масти.

Истражувањето спроведено во 2012 година покажа дека овој зачин е силен горилник. Покрај тоа, добро е за зајакнување на имунитетот и намалување на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Циметот го зголемува нивото на енергија, ја подобрува циркулацијата и го намалува чувството на глад.

Состојки:

чаша вода
лажичка мед
половина лимон
1 стапче цимет

Лимон и мед во комбинација со цимет даваат феноменални резултати при губење на тежината и во оваа комбинација лежи тајната на успехот.

Подготовка:

Ставете стапче цимет во водата и почекајте да зоврие. Потоа додадете мед и исцедете го лимонот. По желба, можете да додадете малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект.

Пијалокот за слабеење е подготвен. Консумирајте една шолја дневно. Најдобро би било да е наутро.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement