Џорџо Армани презентираше нова кампања за есенската сезона, а главната улога ја доби Лиу Вен.
Инспириран одново во текот на неговата кариера од кинескиот амбиент и естетика, чувство на исклучителна линеарност, дизајнерот никогаш не ги криел своите извори на инспирација и сега одлучил да вклучи тим од Далечниот Исток за неговата рекламна кампања.
Пред објективот на модниот фотограф, Лесли Жанг, стилизиран од Остин Фенг, Лиу импресионира со прекрасни рекламни фотографии.
Стилистот Јухуа Ксу и шминкерот Јојо Кеонг Мин беа задолжени за прекрасниот изглед на моделот.
Фотографиите од рекламната кампања се придружени со видео во кое Лиу Вен му се придружува на моделот Жао Леи, во режија на Leslie Zhang i Wencao Zhoul.




