Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Листа на чекање од два месеца: Ресторан што продава порција помфрит за 170 евра!

Најскапиот помфрит на целата планета, потврдено дури од Гинисовата книга на рекорди. „Серендипити е навистина среќно место. Луѓето доаѓаат тука за да слават, а понекогаш и бегаат од реалноста на животот“ – вели главниот готвач Џо Калдероне…

Јастог, пржена риба, стекови, кавијар … Има некои намирници кои во одредени ресторани би можеле да ја достигнат бројката од насловот на денешната тема, но звучи апсолутно неверојатно што и оваа категорија вклучува – помфрит.

Њујоршкиот ресторан Serendipity 3 веќе го држи светскиот рекорд за најскап бургер во светот, кој се продава за приближно 255 евра, како и најскапиот сладолед што изнесува неверојатни 840 евра! Толку необични реакции поради цената на помфритот, знаејќи колку наплатува Serendipity 3, можеби и не треба да биде…

Помфрит „Creme de la creme“ се подготвува со прво бланширање во оцет и шампањ, а потоа пржено во чиста маст од гуска, не еднаш туку двапати, а внатрешноста излегува крцкава, а надворешната „меуреста“. Потоа се посипуваат со златни трошки за јадење и се зачинуваат со сол и масло од тартуфи. Потоа следува послужување на кристална чинија со орхидеи, тенко исечени тартуфи и сос од сирење Морнеј. Сето тоа доаѓа во сос, се разбира – тартуфи, што очигледно е тука – главната sвезда.

Како и многу ресторани, Серендипити беше затворен за време на пандемијата, така што неговите сопственици сметаат дека ова е одличен начин да покажат дека се враќаат во бизнисот. И „бам“, во право се. Работата функционира, а листата на чекање за нарачка на овој помфрит е од 8 до 10 недели. Да, добро прочитавте – 8 до 10 недели.

Очигледно, за луксузни работи, клиентите секогаш ќе постојат.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement