Шпанската актерка го претстави својот нов филм „Madres paralelas“, оттргнувајќи го целото внимание со гламурозна тоалета.
На воведната вечер на 78-от венециски Филмски Фестивал, дебитираше филмот на Алмодовар „Madres paralelas“. Ѕвездата на ова шпанско достигнување и муза на режисерот – Пенелопе Круз, исто така била апсолутна sвезда на вечерта, пленејќи на црвениот тепих во монохроматски фустан од Шанел од актуелната couture колекција.
Црниот фустан со карнер-прерамки и сензуален отвор на грбот, и топ корсет во горниот дел од телото го нагласила тенкиот струк на шпанската дива, додека обемното просечно здолниште откри бел фустан од бел тул украсен со детали во форма на мали пердуви. Навистина, вистински сензуален лебед!
Елегантната ниска пунџа и модните детали во форма на дијамантски комплет: прстени, обетки и ѓердани, ја истакнале нејзината префинета убавина. Со драматична шминка – темно чадено око и виолетови усни, таа го заокружи овој фантастичен глам изглед.




